Сурогат-мајчинството, комплексен потфат

Сурогат-мајчинството е комплексен проблем и од психолошки и од психијатриски аспект и затоа треба сериозно да му се пристапи, а сурогат-мајката треба да биде добро информирана што ја очекува кога ќе се случи чинот на предавање на бебето на идните родители.

surogat semejstvo
сурогат семејство

surogat majkaСурогат-мајчинството е комплексен проблем и од психолошки и од психијатриски аспект и затоа треба сериозно да му се пристапи, а сурогат-мајката треба да биде добро информирана што ја очекува кога ќе се случи чинот на предавање на бебето на идните родители.

Многу да се внимава на психичката состојба на потенцијалните сурогат-мајки порачаа психијатрите и психолозите учесници на јавната дискусија за предлогот на Министерството за здравство да се воведе сурогат мајчинство во Македонија.

Според нив, треба да се формира стручна комисија која прецизно ќе одреди дали мајката е способна да го роди детето, а потоа да го предаде на парот со кој слкучила договор без да доживее психички трауми.

маткаПсихолозите предложија и терминот сурогат мајчинство да се замени со термин како сурогат-трудница за тоа што детето ќе има друга мајка. Според предлогот на Министерството за здравство, сурогат мајка може да биде психички здрава жена над 21 година, само еднаш и мора да биде државјанка на Македонија.

Ова е втора јавна дискусија на стручната фела, а сите забелешки ќе бидат писмено доставени до Министерството за здравство. Сурогат-мајчинство веќе има во повеќе земји меѓу кои САД, Англија, Белгија, Холандија, Русија и Канада.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top