Неодамнешното апсење проститутки во Скопје, остро го критикуваа голем број меѓународни невладини организации, осудувајќи ја, притоа, полициската акција и нејзината заштита од страна на владата.
Неодамнешното апсење проститутки во Скопје, остро го критикуваа голем број меѓународни невладини организации, осудувајќи ја, притоа, полициската акција и нејзината заштита од страна на владата.
Критиките се изнесени во писмо испратено до македонската Влада, од невладините „Хјуман рајтс воч“, „Канадската правна мрежа за Хив/Сида“ и други 30 меѓународни организации и индивидуи, јавува Макфакс.
„Во врска со неодамнешното масовно апсење на наводните проститутки во Скопје ја осудуваме полициската акција и изразуваме длабока загриженост поради фактот дека министерствата и Владата на Македонија застанаа во заштита на полициското однесување“, се наведува во писмото, испратено на Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници – 17 декември.
„Полициското однесување резултираше со прекршување цел дијапазон на човекови права, а владата и министерствата, застанувајќи во одбрана на полицијата, погрешно ја наведуваа јавноста повикувајќи се на здравствени аргументи, намерно придонесувајќи за создавање клима на нетолеранција, која само ќе го зголеми ризикот од понатамошни прекршоци, вклучувајќи и насилство врз сексуалните работници“, се укажува во писмото.
Во реакцијата до македонската Влада „се бара да престане да ги присилува сексуалните работници да вршат здравствени тестови и да обезбеди претходна согласност при идните испитувања за сексуално преносливи болести, советување пред и после самото тестирање, и да гарантира доверливост за резултатите од тестирањата’.
Македонската Влада се повикува „да ги испита сите причини, постапки и последици од неодамнешните апсења, вклучувајќи го и откривањето на доверливи здравствени информации од страна на полицијата и подложување на уапсените кон понижувачко однесување, како и немањето основа за кривични пријави поврзани со пренесувањето на инфективни болести“
Исто така, од властите се бара „да ја гарантираат физичката безбедност на уапсените сексуални работници, вклучувајќи ги и оние што ќе бидат ослободени од притвор, да покренат активна истрага против насилството и малтретирањето на сексуалните работници од страна на полицијата и соодветно да ги казни сторителите“
Невладините „Хјуман рајтс воч“, „Канадската правна мрежа за Хив/Сида“ и други 30 меѓународни организации и индивидуи во реакцијата бараат да бидат „преиспитани законите поврзани со криминализацијата на сексуалните работници, во смисла на доказите дека таквата криминизација ги поткопува и правото на здравствена заштита и човековите права“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град