Денес се одбележува големиот христијански празник Св. Трифун

Лозарите и винариите се подготвени за денешниот голем празник Св. Трифун во кого веруваат дека ќе го заштити лозјето од суши и мраз и ќе донесе голем род.Винариите, лозарите, семејствата каде што постои традиција на закројување на лозјето го прават адетот, но и прославуваат преку богата гозба, вино и музика.

Sv.Тrifun
Св.Трифун

zarezuvanjeОвој голем православен празник е надеж за лозарите дека родот ќе биде добар и ќе произлезе добро вино.Освен традиционалното закројување на лозјето, голем број винарии имаат организирани прослави во нивните ресторани, а очекуваат и голем број на домашни и странски туристи. По литургијата со која чиноначалствуваат свештени лица и по закројувањето, вообичаено приустните наздравуваат со чашка вино, вкусувајќи ги локалните специјалитети.

Денешниот ден дава надеж за добра берба. Закројувањето е еден вид на креација кој претставува обред, но во тоа има и содржина.Се офромува идниот род и според процентот на здрави окца на лозјето, лозарите ќе знаат што да очекуваат.

Св.Трифун исто така означува дека опасноста од измрзнување поминала, иако подоцна во месец април има можност од слана. Но, постојат механизми како родот да се заштити.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top