Извозот на македонските вина руши рекорди

Лани регистриран е најголемиот извоз на вино досега.

vino
вино

 

Лани регистриран е најголемиот извоз на вино досега. Извезени се над 885 илјади хектолитри чија вредност изнесува 50 милиони евра. Тоа, споредено со просечниот извоз на вино од периодот 2007 – 2012, изнесува  зголемување за 48 отсто според количината и за 24 отсто според вредност.

vinoИзвозот на вино во ЕУ е зголемен за 45 отсто, а просечната цена е зголемена за 10 евра по хектолитар споредено со 2012 година. Раст е забележан во извозот на вино во шишиња, и тоа во Германија, Словенија, Угарија, Словачка, Кина и Русија.

Просечната постигната цена на извезеното вино од Македонија е највисока во последните 10 години – 56,32 евра по хектолитар.

Eкспертите велат дека Македонија станува препознатлив бренд за вино со добар квалитет. Според нив, добро е и тоа што на странските пазари и за разлика од минатото кога најголем дел од извозоот беше наливното вино со многу пониска вредност, сега се пласира вино во шишиња со далеку подобар квалитет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top