Во сите аптеки од денеска наместо белите рецепти за лековите што се на товар на државата, ќе важат нови, во розова и во зелена боја.
Во сите аптеки од денеска наместо белите рецепти за лековите што се на товар на државата, ќе важат нови, во розова и во зелена боја.
Розовите рецепти се наменети за антибиотици и за други препарати за акутни болести, како и за лекови за хронично болните.
На зелените рецепти ќе се препишуваат лекови што содржат опојни дроги, како што се фенобарбитон, морфиум, метадон.
Со рецептите во боја ќе стартува и долгонајавуваниот рецепт за хроничните пациенти, кој исто така ќе биде розов.
Предвиден е преоден период за важноста на старите бели рецепти додека не се потрошат залихите.
Новите рецепти, освен по боја, ќе се разликуваат од старите и по изгледот. Рецептот ќе биде поделен на три дела. Во првиот дел се основните податоци на пациентот. Вториот дел е наменет за името на лекот со потпис на лекарот и датум на издавање на рецептот. А третиот дел од рецептот е резервиран за аптекарот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град