Програма по Кембриџ, да или не?

Новата наставна програма од Кембриџ, по математика и природни науки за учениците во основните училишта, значи воведување на нов и сеуште несигурен систем на работа, а од друга страна и деградирање на домашните автори, стои на порталот „Fakulteti“.

logo
лого

Новата наставна програма од Кембриџ, по математика и природни науки за учениците во основните училишта, значи воведување на нов и сеуште несигурен систем на работа, а од друга страна и деградирање на домашните автори, стои на порталот „Fakulteti“.

Македонија, велат има квалитетен кадар по математика и природно-технички науки чие знаење е многу ценето и платено надвор, а дома истото не се почитува, а уште помалку плаќа.

uceniciУчениците од прво до трето одделение од идната учебна година ќе учат математика и запознавање на околината по наставните програми од Кембриџ. За дел од домашните автори кои долги години работеле на пишување на учебниците по математика ваквата одлука е правење од готово вересија. Стравуваат јавно да говорат за проблемите, поради притисоци. Но, велат дека домашните учебници по математика се квалитетни и современи и се пример по кој можат да се водат многу земји. Автори кои работат на учебниците, се со долгогодишно искуство, а дел од нив работеле и во Бирото за развој на образование, па така многу добро знаат низ кои се филтри треба да помине еден учебник, за да може да се користи во редовната настава во основните и средните училишта.

“Новите програми од Кебриџ сеуште не се направени , ќе ги преведуваат, ќе ја купат лиценцата, но никој не се прашува колку пари ќе чини ова?Значи тие пари наместо дома ќе одат надвор, иако имаме одлични авторски тимови, печатници, издавачи (кои за волја на вистината и малку потешко опстојуваат денес). Значи, се на се, ова ќе биде голем економски одлив на пари, според мене беспотребно, бидејќи ова е само еден пример на деградација на нацијата. Дали некој некого сака да го направи “ментално ретардиран”, не сме способни, па ќе земаме од надвор?! Краткорочно правиме штета на домашната авторска и издавачка дејност, а долгорочно на сите ученици”-вели еден од авторите на учебник по математика, кој инсистираше на анонимност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top