Македонија доби 24 милиони долари од Светска банка за поддршка на развојот на вештините и иновациите.
Македонија доби 24 милиони долари од Светска банка за поддршка на развојот на вештините и иновациите. Проектот е одобрен вчера од Бордот директори на Светска банка.
Како што информираат од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, целта на проектот е да ја подобри транспаретноста во распределба на ресурсите и да ја промовира одговорноста во високото образование, подобрување на релевантноста во средното техничко стручно образование и поддршка на иновативните капацитети во Македонија.
Од проектот корист ќе имаат околу 24.000 студенти и 1.500 наставнички и управен кадар од училиштата за техничкото стручно образование, кои ќе добијат нови наставни програми и подобрување на условите за практична обука, како и обука за управување, планирање и подобрување на процесот.
Студентите и персоналот од универзитетите, истражувачки институции и претпријатија ќе имаат корист од примената на механизмите за обезбедување квалитет и реформи за финансирањето во високото образование, како и од грантови кои промовираат истражување, развој и иновации.
Активностите на компаниите во Македонија што се ориентирани кон вработување работна сила со вештини и користење на иновации, претставува важен извор за економскиот раст и генерираат позитивни поврзани резултати, како социјално вклучување и заеднички просперитет, се наведува во соопштението.
Заемот за поддршка на развојот на вештините и иновациите е издаден од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) и изнесува 24 милиони долари, со 18 години доспевање и 5 години грејс период.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град