И во Македонија се доаѓа на печалба, најбројни турците

Турци, Грци, Германци, Срби, Бугари се дел од странските државјани кои работат во македонски компании.

logo
лого

Турци, Грци, Германци, Срби, Бугари се дел од странските државјани кои работат во македонски компании.

SkopjeОсвен зголемувањето на странските директни инвестиции, податоците покажуваат дека расте и бројот на странци кои работат во земјава. Дел од нив се на директорски позиции, дел се обични работници, а дел спортисти, пишува порталот „Лидер“.

Според податоците на Агенцијата за вработување, во 2011 година биле издадени 1.871 дозвола за работа на странци, во 2012 година работна дозвола добиле 2.218 странски државјани, додека во 2013 година бројката достигнува 2.623 дозволи за работа, од кои 1.400 дозвола за вработување, 727 лични работни дозволи и 496 дозволи за работа. Најголем дел од работните дозволи лани се издадени за управители, текстилен техничар, машински техничар, електро техничар, економист, професионални спортисти и други останати занимања.

fabrikaТурците најбројни за работа во Македонија

Турците се први на листата на работници што работат во земјава. На второ место се Србите, па Грците, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување. Нивниот голем број доаѓа како резултат на интензивирањето на инвестициите од Турција, како што се ТАВ, потоа Џеваир Холдинг каде голем дел од градежните работници за изградба на висококатниците се од Турција.

Во главниот град работат најмногу странци

Најмногу странци работат во Скопје, па следува Гевгелија. Во 2012 година во Скопје биле издадени 1.358 дозволи за странци, а лани бројката достигнала 1.754 работни дозволи во главниот град. Во Гевгелија лани биле издадени 149 дозволи, во Битола 66 дозволи, по што следи Охрид со 60 дозволи, па Тетово 54 дозволи, Прилеп 53 дозволи, Гостивар 23, Кавадарци 45 дозволи, Куманово 29 дозволи, Штип 28 дозволи.

Според образованието на странските државјани најмногу работни дозволи се издадени за лица: со докторски студии 27 лица, со магистерски академски студии – 96 лица, со специјалистички студии 20 лица; прв циклус на студии: универзитетски 240, стручни 240 – 989 лица; прв циклус на студии: универзитетски 180 стручни, стручни 280 -56 лица, стручни студии од 60 до 120 кредити – 40 лица; средно образование – 1224 лица и основно образование – 365 лица.

Инаку по препорака од странските инвеститори коишто работат во државата беа направени измени на Законот за работа на странци каде што беше намалена документацијата која странката треба да ја достави во Агенцијата за вработување, а беа направени одредени олеснувања во обврските на работодавачите при процесот на одјавување на работниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top