Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжени на 82. седница со 55 гласови „за“ и осум „против“, како и 11 гласови „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.
Собранието на Република Македонија во рамките на денешното продолжени на 82. седница со 55 гласови „за“ и осум „против“, како и 11 гласови „за“ и еден „против“ од пратениците од помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, по скратена постапка.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски образложувајќи ги измените и дополнувањата рече дека тие се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од системските решенија.
Појасни дека со измените се предвидува Агенцијата за месиуми да има административен надзор само врз печатените медиуми и тоа врз одредбите за импресум, за заштита на малолетни лица од порнографски содржини и за трансарентност при работењето.
Со измените, како што рече, се допрецизираат и одредбите за именување и разрешување на одговорен уредник.
Пратеникот Јани Макрадули од СДСМ во расправата по Предлог законот рече дека ова законско решение не го подржува Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ниту европските институции и праша зошто од него се изземени новинарите од порталите.
Неговата сопартијака Билјана Казанџиска посочи дека ниту ЗНМ, ниту, пак, Македонскиот инситут за медиуми – МИМ не се согласуваат со потребата од донесување на закон за медиуми и дефинирање на професијата новинар, а тоа, како што кажа не го бара ни Европската комисија.
Во реплика Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека барањата за измена на Законот за кои денеска се расправа, се за да се инкорпорираат барањата на ЗНМ со поддршка од ОБСЕ, и амбасадите на ЕУ и САД, кои побараа од законското решение да се изземат порталите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град