Пензионерите и оваа година бесплатно на бања

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, Беким Незири и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски одржаа конференција за медиумите на којашто информира за Проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2014 година“.

penzionerki
пензионерки

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, Беким Незири и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски одржаа конференција за медиумите на којашто информира за Проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2014 година“.

Диме Спасов“Проектот започна да се имплементира од 2010 година и заклучно со 2013 година услугите од овој проект го искористија над 22.000 корисници на пензија” рече Спасов

Интересот за овој проект е значителен и од година во година расте, така што во 2013 година 27.000 корисници на пензија поднесоа барања за користење на услугите од бањско климатската рекреација, а истата ја  искористиле  повеќе од 5.000 лица.

Пројавениот интерес којшто корисниците на пензија го искажале со користење на услугите во изминатите години потврдува дека има  потребата од продолжување на проектот.

“Верувам на големо задоволство на пензионерите  овој проект продолжува да се реализира и во 2014 година, за што се  обезбедени средства во Буџетот во износ од 38 000 000 денари  за дополнителни 5500 пензионери да имаат можност да ја искористат оваа бесплатна услуга,”потенцираше Спасов.

penzionerkiЗаинтересираните пензионери до 14 ти февруари оваа година може да поднесат барање за користење на услугата во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

“Сакам да истакнам дека пензионерите  кои што ја искористиле оваа услугата во претходните години немаат право да ја користат услугата во 2014 година. На тој начин се остава можност услугата да ја користат останатите пензионери кои во претходните години не биле опфатени со овој проект“, рече Спасов.

Од анализите за досегашната имплементација на проектот Министерството за труд и социјална политика констатира дека  истиот е прифатен од страна на корисниците и пошироката јавност, како и од Сојузот на здруженијата на пензионерите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top