Награда за македонскиот игран филм „Крани“

Играниот филм „Крани“, кој е во фаза на развој и е поддржан од Mакедонскиот филмски фонд, неделава беше претставен пред еминентни професионалци од филмскиот свет на пичинг-форумот „Кога Истокот се среќава со Западот“.

logo
лого

Играниот филм „Крани“, кој е во фаза на развој и е поддржан од Mакедонскиот филмски фонд, неделава беше претставен пред еминентни професионалци од филмскиот свет на пичинг-форумот „Кога Истокот се среќава со Западот“ (When Еast Мeets West) во Трст, Италија и ја доби наградата од Јуропиен аудиовижуал ентерпренрс (European Audiovisual Enterpeneurs), ЕАВЕ.

logoПовеќе од 200 апликации од Европа беа пријавени за учество на овој престижен настан, но беа претставени само 22 проекти пред селектирана публика, известуваат од Филмски фонд на Македонија.

Единствен претставник од Македонија на „Кога Истокот се среќава со Западот“ беше проектот „Крани“ во продукција на Фрагмент филм. Сценарист и режисер на филмскиот проект „Крани“ е Ѓорче Ставревски, а продуцент е Емилија Чочкова.
На настанот, нашите претставници остварија и повеќе од 20 состаноци со дистрибутери, продуцентски компании и агенти од Европа.
Голем интерес за „Крани“ покажаа филмските професионалци од Холандија, Хрватска и Италија, како и од Германија, Британија и Швајцарија.

Наградата ЕАВЕ е насочена кон остварување на копродуцентски врски меѓу Европа, Русија, Латинска Америка и арапскиот свет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top