Одгледувањето шарпланинец ќе биде субвенционирано

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски најави субвенции и за македонскиот овчарски пес, Шарпланинец за идната година во интервју за МИА.

sarplaninec
шарпланинец

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски најави субвенции и за македонскиот овчарски пес, Шарпланинец за идната година во интервју за МИА.

– За прв пат во 2014 година треба да се започне со пилотирање на агроеколошките мерки за дополнителни плаќања за македонските автохтони раси праменка, буша и македонскиот овчарски пес, шарпланинец – изјави Димовски.

sarplaninecОва е една од новините во распределбата на земјоделските субвенции кои за 2014 година се во висина од 140 милиони евра.

– Поддршката за секторот продолжува и во следниот период. Владата согласно Националната програма, за 2014 година предвиди дополнително зголемување на средствата за поддршка на нови 140 милиони евра. Најголемо зголемување е остварено кај износот на поддршка на мерките од политиката на рурален развој кој треба да изнесува 28 милиони евра. Овие средства ќе бидат насочени пред се кон поддршка на инвестициите на земјоделски стопанства и преработувачи, и особено за поддршка на руралната инфраструктура – во прв план подобрување на наводнувањето на земјоделските површини – изјави Димовски за МИА.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top