Но, забрзано се шири и во останатите земји од регионот.
Најсериозно е во соседна Грција од вирус од типот А (Х1Н1), до сега починаа пет лица.Сите тие не биле вакцинирани против грип и страдале од различни заболувања.
На интензивните одделенија во болниците во Грција се сместени 14 сериозни случаи на заболени од грип. Здравствената власт предупредува на ширење на инфлуенцата.
Српски епидемиолози предупредуваат дека врвот на епидемијата на грип може да се очекува во февруари.
Според д-р Драгана Димитријевиќ од Инстутот за јавно здравје во Белград, симптомите на вирусите од типот А и Б се: температура која не мора да е висока, болки во мускулите и зглобовите и кашлица.
„Двата типа на вирусот можат да доведат до компликации и смртен исход, но типот А има поголем епидемиски потенцијал“, вели Димитријевиќ.
Во Европа годинава преовладува вирусот од типот А (Х3Н2) од кој почина и пациентката на Инфективната клиника во Скопје, додека во САД е пораспространет вирусот од типот А (Х1Н1)
„Х1Н1 сега веќе стана сезонски вирус, па веќе не е толку опасен како во 2009-та година кога ја предизвика пандемијата на свински грип. Повеќе луѓе биле во контакт со него, така што неговиот епидемиски потенцијал е намален. Но, за него и натаму е карактеристично тоа што почесто ги напаѓа помладите луѓе, отколку вирусот Х3Н2“, вели д-р Бернард Каиќ, од хрватскиот Институт за јавно здравје.
Оваа година, епидемиолозите за првпат предупредија оти вирусот полесно ги напаѓа лицата со прекумерна телесна тежина, кај кои шансите за потешкотии во респираторниот систем се поголеми.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град