Професионалните војници ќе добијат пензија

Професионалните војници, кои со години бараа зголемување на старосната граница, односно решение како да обезбедат егзистенција по завршувањето на војничкиот ангажман, конечно можат да чекаат пензија на ново работно место.

profesionalni vojnici
професионални војници

Професионалните војници, кои со години бараа зголемување на старосната граница, односно решение како да обезбедат егзистенција по завршувањето на војничкиот ангажман, конечно можат да чекаат пензија на ново работно место.

profesionalni vojniciОткако ќе им завршеа професионалните договори, овие луѓе остануваа на улица. Безброј пати потенцираа дека учествувале во мировни мисии, дека се се уште работоспособни и дека нивното искуство треба да се искористи.  Бараа до пензија да бидат вработени во некоја институција. Конечно, нивните барања се реалност. Независниот синдикат на професионалните војници ја поздрави  владината одлука.
Професионалните војници во Армијата на Република Македонија, кои по 45 година ќе ја напуштат службата ќе добијат вработување во државните институции, додека, пак, сите вработени кои останале без работа заклучно со 31 декември 2013 година во претпријатија кои имаа државна сопственост или се во доминантна сопственост на државата ќе добиваат надомест од 7.100 денари до пензионирање. Ова се двете мерки што вчера ги најави премиерот Никола Груевски за решавање на социјалните проблеми на овие две социјално загрозени категории граѓани. Мерките, како што рече Груевски, треба да се реализираат до крајот на февруари и со нив ќе се реши проблемот на околу 7.000 граѓани.

Втората мерка се однесува на сите што останале без работа, т.е. технолошки вишок од претпријатијата со доминантна државна сопственост, а обврска да ја реализираат имаат Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување.

Околу 3 илјади работници кои беа прогласени за технолошки вишок или за стечајци ќе добијат пари од државата со кои ќе си обезбедат егзистенција. И тие, како и војниците, во повеќе наврати протестираа и бараа заштита. Се работи за надоместок од 7.100 денари, односно 34 отсто од просечната плата, кој сите што останале невработени по основа на технолошки вишок од фирми во државна сопственост или со доминантна државна сопственост ќе го земаат до пензионирање. Ваквите лица ќе бидат и здравствено осигурени од страна на државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top