Денес се слави Свети Никола

Православните верници денеска со низа свечености го празнуваат Свети Никола.

Sv.Nikola
Св.Никола

Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.

Sv.NikolaИменден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…

Во животот на нашиот човек посебно значајно место има свети Никола Мирликиски-Чудотворец, кого многу семејства го сметаат за свој домашен заштитник и со домашни служби и со многу обичаи го празнуваат неговиот спомен. Иако повеќе се празнува денот на неговата упокојување 19/6 декември, (празник познат како зимски Св. Никола или Св. Никола зимен), сепак, внимание му се посветува и на денот на пренесувањето на моштите на св. Никола од Мир (во Ликија) во Бари (Италија) на 22/9 мај, (празник меѓу народот познат како летен Св. Никола, или Св. Никола – летен).

Свети Никола се роди во Патара, во малоазиската област Ликија, во третиот век. Уште од малечок се одликуваше со посебна чистота на душата и предаденост на Бога. Подоцна, во зрелата возраст, посака да стане монах, но Бог самиот, во едно видение, го упати да се врати во светот и така да им служи на луѓето. На чудесен начин беше избран за архиепископ на главниот град на Ликија, Мира. За време на гонењето на христијаните при Диоклецијан, беше ставен во затвор. Подоцна учествуваше на Првиот вселенски собор, во 325 година. Блажено се упокои во 342 година, во длабока старост. Беше најблаг пастир, голем чудотворец и помошник во секакви неволји. Неговите мошти беа пренесени од Мира во Бари во единаесеттиот век. Таму се наоѓаат до денес.

Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ. Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите св. Николај му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија. Во тоа време црквите во јужна Италија и припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија), во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола (Св. Николај летен). Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кој имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување.

Култот на св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат не само православните туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, коишто како што стои во некои записи го викале „Адрбаба“, што значи јадар татко или голем татко.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак, во народното предание најмногу е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив. Затоа, пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода. Во македонските народни преданија се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел го назначил за заштитник на морепловците.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top