Преголемата загаденост со чад и прав која достигнува и до 18 пати над дозволеното во главниот град на Македонија е причина за нарушување на човековото здравје на Скопјани.
Преголемата загаденост со чад и прав која достигнува и до 18 пати над дозволеното во главниот град на Македонија е причина за нарушување на човековото здравје на Скопјани.
Имано последните мерења покажале дека часовната концентрација на честичките со дијаметар помал од 10 микрометри го урнале скопскиот рекорд зимава достигнувајќи 900 микрограми на кубен метар воздух, а среднодневната концентрација во саботата на оваа мерна станица изнесуваше фрапантни 494 мцг/м3.
Часовните концентрации на ПМ10 во Центар и во Kарпош достигнуваа до 600 мцг/м3, а среднодневната концентрација на овие места изнесуваше 303 мцг/м3. За заштита на човековото здравје таа не смее да надмине 50, што значи дека постојано, со секој здив скопјани дишат воздух до неколкупати позагаден од безбедните концентрации.
Причина за ваквото загадување е индустријата, сообраќајот и затоплувањето на дрва. Ситуацијата од УХМР предупредуваат дека до Нова Година би можела да биде застражувачка поради недостигот на ветер и проветрување на загадениот воздух.
Град Скопје согласно своите надлежности викендов прогласи мерки од прв степен и препорача граѓаните да не излегуваат без потреба и да користат јавен превоз.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град