Се воведува програма за советување на учениците со лошо поведение

Министерството за образование и наука воведе програма за советување на учениците со лошо поведение, во која ќе бидат вклучени психолози и педагози. Тие ќе ги идентификуваат личните проблеми кај таквите ученици и ќе ги решаваат.

ucenici
ученици

Министерството за образование и наука воведе програма за советување на учениците со лошо поведение, во која ќе бидат вклучени психолози и педагози. Тие ќе ги идентификуваат личните проблеми кај таквите ученици и ќе ги решаваат.

Програмата на Министерството предвидува класниот раководител да води евиденција за бројот на изостаноците на ученикот – дозволени се 10 неоправдани и 100 оправдани изостаноци.

Spiro RistevskiПрограмата, која треба да го подобри поведението на проблематичните деца, опфаќа три чекори – идентификување на ученикот, негово упатување кај училишниот психолог и почеток на советувањето, кое може да биде индивидуално и групно.

Во програмите ќе учествуваат 294 педагози и психолози, кои ќе бидат етапно вработени преку Министерството.

„Програмите за советување ќе придонесат за јакнење на воспитната улога на психолошко-педагошките служби во училиштата, пред сè на наставниците како клучна алка во воспитно-образовниот процес, затоа што тие се лицата што поминуваат најмногу време со учениците и први ги детектираат симптоматичните однесувања кај нив, а потоа пристапуваат кон надминување на одреден проблем или причина што предизвикала негативен ефект во процесот на нивна едукација“, рече министерот.

Програмите веќе се објавени во Службен весник и се стапени во сила.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top