Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала – 1998 ноќеска го потресе Валандово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотрес со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала – 1998 ноќеска го потресе Валандово.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје со својата телеметриска мрежа на сеизмолошки станици во Охрид, Битола, Крушево, Штип и Валандово го регистирала земјотресот.
Потресот се случил во 3,35 часот ноќеска во околината на Валандово. Засега нема информации за предизвикана штета.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град