Откриена нова тајна на езерото Матка

Нуркачите од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ ја продолжија својата подводна експедиција во водите на езерото Матка, каде пред еден месец пронајдоа остатоци за кои се верува дека се темели на стара македонска црква.

nurkaci
нуркачи

Нуркачите од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ ја продолжија својата подводна експедиција во водите на езерото Матка, каде пред еден месец пронајдоа остатоци за кои се верува дека се темели на стара македонска црква.

Остатоците од тврдата градба се наоѓаат на околу 1.500 метри од браната на реката, во нејзиното подножје, непосредно до некогашното корито на реката Треска.

crkva pod voda– Во пределот кој при нашата прва експедиција го маркиравме кон почетокот на 17-тиот век, патеписецот Евлија Челебија ги има регистрирано селата Козарево и Винце, каде живееле окулу 150 семејства. Денес над истиот предел, на површината се уште постојат остатоци од манастирот „Св. Јован Златоуст“ и извор кој се смета дека има лековита вода. А во нашата денешна експедиција успеавме да регистрираме и фотографираме дел од ѕидините кои веруваме дека и припаѓаат на стара македонска црква и сега на ред да се огласат се релевантните институции со детална анализа – вели Киро Ангелески, претседател на „Врело“.

Нуркачите ќе продолжат да го истражуваат пределот преку вакви експедиции и ќе вршат стручни обуки на нови нуркачи кои дополнително ќе придонесат за понатамошно истражување на културните добра во Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top