Во повеке туристички агенции во Македонија биле продавани билети на авио компанијата „Беле Ер” од Албанија која е во стечај.
Во повеке туристички агенции во Македонија биле продавани билети на авио компанијата „Беле Ер” од Албанија која е во стечај. Некои дебарски тур оператори наведуваат дека печалбари од Дебар имаат купувано авио билети од „Беле Ер” за повеке европски дестинации од аеродромот во Тирана, па сега имаат проблеми.
Не се наведува точниот број на продадени авио билети, но притоа изворите велат дека билети на сега веќе пропаднатата авио компанија се продавале и во Струга, Тетово, Гостивар и други македонски градови.
Во Тирана денеска е соопштено дека само по стечајот се продадени над 52 илјади билети, додека, пак, долговите на оваа компанија, која имаше бројни летови од Албанија кон европските центри, се проценуваат на над 10 милиони евра.
Според албанските власти, компанијата имала како гаранција 3,5 милиони евра, и заминала во стечај поради недомаќинското работење. Исто така се наведува дека поради продадените билети по стечајот, кое е направено намерно од страна на раководството, кривична одговорност ќе биде покрената и за инволвираните раководители.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град