Делегација на МО во посета на САД

Висока делегација на Министерството за одбрана(МО) на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Коњановски, денеска ќе отпатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави.

Zoran Konjanoski
Зоран Коњаноски

Висока делегација на Министерството за одбрана(МО) на Република Македонија, предводена од министерот Зоран Коњановски, денеска ќе отпатува во официјална посета на Соединетите Американски Држави.

Во составот на делегацијата, како што е соопштено, се и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Мирослав Стојановски и државниот секретар Петар Есмеров.

Zoran KonjanoskiМакедонската делегација во Вашингтон ќе ги реализира четвртите по ред Билатерални консултации од областа на одбраната. Билатералните одбранбени консултации се реализираат секоја година во рамките на билатералната соработка со САД.

Во рамките на овие консултации министерот Коњановски ќе оствари средби со заменик секретарот за одбрана на САД, Гордон Ингланд, помошникот секретар на Биро за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот, Даниел Фрид, специјалниот помошник на претседателот на Националниот совет за безбедност, Џудит Анслеи, претседателот на Националниот универзитет за одбрана, генерал Франчес С. Вилсон и командантот на Централната команда на САД, генерал Дејвид Х. Петреус.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top