Годинeшната акција за пошумување на Македонија ќе се одржи наредната недела, но уште не е одреден датумот за кој треба да одлучи Владата на Република Македонија.
Годинашната акција за пошумување на Македонија ќе се одржи наредната недела, но уште не е одреден датумот за кој треба да одлучи Владата на Република Македонија.
Денот на дрвото ќе се организира шестта година по ред и се очекува да бидат засадени околу 5 милиони садници. Директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, вели дека манифестацијата се одложува затоа што изминативе денови времето беше топло и несоодветно за садење.
– Најверојатно акцијата ќе се одржи наредната недела, но Владата ќе го даде последниот збор. Планираме да засадиме дрва по планини и патишта, покрај езера, автопати и во централните подрачја ја општините – вели директорот.
Вчеравечер и утринава, инаку, по новинските сајтови се рашири информацијата дека Денот на дрвото ќе се одржи в среда и дека денот ќе биде неработен, но тоа не е точно.
Оваа година акцентот на акцијата се става во пошумувањето на урбаните делови од градовите, па во Скопје и општините на Град Скопје е предвидено да се засадат околу 85.000 садници. Новина оваа година е што јавното претпријатие ќе обезбеди 400 палми кои треба да се засадат во Струга, Охрид и Дојран.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град