Усното испрашување во основното образование помалку застапено

Родители велат дека во дневниците џабе постои графата за усна оценка бидејќи најчесто и таа е добиена со помош на писмени задачи.

dete
дете

Родители велат дека во дневниците џабе постои графата за усна оценка бидејќи најчесто и таа е добиена со помош на писмени задачи.

Педагозите, пак, предупредуваат дека ако наставниците с` почесто ја применуваат писмената проверка на знаењето за сметка на усната, ризикуваме да добиеме генерации што нема да знаат како јазично да се изразат.

– Во ист ден минатата недела ќерка ми имаше три испрашувања. По сите предмети има само тестови. Вистинска реткост е кога ќе ми каже дека некој наставник ја испрашал за некоја лекција усно. Сум разговарала со наставниците, но тие велат дека немаат време да ги испрашуваат усно, биле многу деца, а наставната програма е обемна – вели Благица Мишева, родител на седмоодделенка.

ученициМајка на третоодделенец ни раскажа речиси идентична ситуација во училиште во општина Центар.

– Им требаат докази за тоа како ја ставиле оценката, па за секоја тема им даваат наставни ливчиња што ги одговараат писмено, а наставниците ова им го вбројуваат во усно испрашување. Децата нема да знаат да се изразат ако вака продолжат да им го проверуваат знаењето – вели таа.

За методичарите, нема дилема дека ученик по секој предмет мора да биде испрашан усно, но и со помош на тестови. Наставничката Виолета М. се согласува со оваа констатација, но вели дека и таа често се потпира врз писмената проверка бидејќи тоа од нив го бара образовниот систем.

– Мора да имаме докази во досието на ученикот. Има контролна проверка на секоја тема, наставни ливчиња, тестови. Така ни е наложено според програмата – вели таа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top