Хемиска кастрација за македонските педофили?

Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот Законик.

pedofil
педофил

Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот Законик.

Според статистиката затворските казни се мали и недоволни. Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е доволен аргумент за ниските казни. Поради тоа предложивме антитестостеронски третман, односно посебен медицински третман за да се спречат сторителите во иднина да ги повторат делата – рече Спасов.

Тој додаде дека интенцијата е во иднина да се зголеми досегашната просечна казна за сторителите на полов напад врз деца која сега изнесува шест години.

kastracijaПредлогот е за полов напад врз малолетник до 14 години, сторителот да добие од 10 до 20 години затвор. Досегашната казна беше од 8 до 15 години затвор.

Спасов објасни дека за потешките форми на педофилија предвидена ќе биде доживотна казна. Тој истакна дека допрва ќе се расправа и ќе се дефинира како ќе се комбинираат мерките на затворската казна со хемиската кастрација и посочи искуства на други држави каде, како што рече, доколку сторителот се согласи на хемиска кастрација, му се намалува затворската казна.

– Инјекцијата колку што сум запознаен се прима на 3-6 месеци. Посебниот медицински третман од 2009 година го има во Полска, од 2012 година во Молдавија, во Естонија, Јужна Кореја, Русија, Велика Британија, Франција, Германија и така натаму – рече Спасов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top