Кежаровски осуден!

Новинарот на весникот „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, обвинет во случајот „Ликвидација“ доби 4,6 години затворска казна, на денешното судење за случајот „Ликвидација“.

Zoran kezarovski
Зоран Кежаровски

Новинарот Томислав Кежаровски, доби 4,6 години затворска казна, на денешното судење за случајот „Ликвидација“. Кежаровски беше обвинет за неовластено давање информации за загрозен сведок.Пресудата денеска ја донесе судскиот совет на Кривичниот суд, на чело со судијата Дијана Груевска-Илиевска.

Zoran kezarovskiСабедин Џини-Хофман доби една година и шест месеци затвор, поранешниот истражен судија Валентин Зафиров е осуден на 5,6 години затворска казна, обвинителот Ивица Ефремов доби четириполгодишна затворска казна, а пензионираниот врховен судија Борис Николовски ќе лежи една година. Јане Павловски доби година и половина затвор, додека поранешниот судија во велешкиот суд Сашко Лазаров е осуден на затворска казна во траење од една година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top