Втора година по ред Денот на св. Климент Охридски – 8 Декември во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.
Втора година по ред Денот на св. Климент Охридски – 8 Декември во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа.
Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија.
По повод празникот, во Собранието денеска ќе биде врачена наградата „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија. Во Градиште кај Охрид, градот кој е под заштита на овој светител, свечено ќе биде отворен Музејот на вода. Во пресрет на празникот, Националната и универзитетска библиотека во Скопје во петокот за својот патрон организираше Втора научна средба „Книжевното творештво на св. Климент Охридски“.
Денес многу цркви, институции, училишта и здруженија го носат неговото име, а меѓу нив најрепрезентативни се Националната и универзитетска библиотека и Соборниот храм во Скопје, Универзитетот во Битола. Неговото име го носи и универзитетот во Софија. Во чест на св. Климент Охридски се доделува и државната награда за особени остварувања во воспитанието, образованието, културата, науката и здравството.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град