Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.
Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.
Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.
Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.
Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.
Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија Реис ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи по повод Курбан Бајрам упати порака и честитка до муслиманските верници:
Почитувани верници,
Курбан Бајрам и нашите курбани кои што ние ги жртвуваме секако се дел на нашата почит и желба да се доближиме до нашиот Творец и да ја докажеме нашата верба.
Нема подобра прилика отколку Курбан Бајрам за да ја придобиеме милоста на Ал-лах џ.ш кажувајќи си еден на друг по некој убав збор, пружајќи си рака и простувајќи си ги евентуалните грешки што сме можеле да си ги сториме еден на друг, ние секако ја исполнуваме желбата на нашиот Творец.
Во овие матни времиња во кои што современото општество започна да си ја губи душата во трката за материјалните добра, ние треба да ги отвориме нашите срца за нашите родители и за поширокото семејство, за пријалителите и другарите, за соседите, за нашите сонародници но и за сите други со кои што живееме заедно, докажувајќи ја универзалната порака на Исламот кој што во основа ја содржи љубовта кон човекот, хуманоста, толеранцијата.
Времињата што ги живееме се исполнети со конфликти и недоразбирања, со несигурност и со закани, со глобална економска криза што и се заканува на иднината на обичниот човек, со пречки што луѓе и народи од различна припадност си ги поставуваат еден на друг.
Почитувани верници, продолжете да бидете градители а не рушители, придонесувајте за мирот и сеопштата среќа, борете се против негативните појави во вашите средини, против криминалот и анархијата, негувајте ги најчистите чувстава на родолубие, сакајте ги вашата вера и вашиот народ но не на штета на другите, не со чинење неправда. Човекот е општетсвено битие и тој може да си ја гради иднината и просперитетот само преку развивање на толеранцијата и елиминирајќи ги анимозитетот, нејаснотиите и маглината што некој ја создава за да ги оствари своите цели.
Ви пожелувам од овој празник да излеземе по снажни, со чисто срце и душа, посветени на Ал-лах џ.ш“, стои во пораката на поглаварот на ИВЗ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град