Расте бројот на заболени од рак на дојка во Македонија

Статистиката е алармантна, а свеста кај населението се уште не е на потребното ниво.

rozeva lenta
розева лента

Во Македонија годишно има по 700 нови пациенти со дијагностициран карцином. До пред неколку години, оваа бројка изнесуваше само 100. Годишно се оперираат по 400 жени.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, со преку 7,6 милиони случаи годишно, малигните заболувања се водечка причина за смртност во светот.

Предвидувањата на СЗО е дека смртните случаи предизвикани од малигни заболувања до 2030-та година ќе ја достигнат бројката од 11 милиони жители.

Во Македонија малигните неоплазми се на второ место во структурата на причините за смрт на населението, веднаш по кардиоваскуларните заболувања.

rengenМоже да се превенира, потребна е свест и одговорност!

Повеќе од 30 отсто од смртните случаи од рак може да се превенираат со : елиминирање на ризик факторите преку промоција на здрав стил на живот, скрининг и рана детекција, најдобар можен третман на пациентите со малигни неоплазми и подобар квалитет на животот и примена на научните достигнувања во евиденцијата, водењето и контрола на малигните неоплазми. Секоја жена мора да биде свесна дека треба да оди на редовни прегледи.

Најчести причини за појава на рак!

Пушењето е најчест причинител за појава на рак. Останати ризични фактори за појава на рак се: алкохол, физичка неактивност и дебелина, слаба консумација на овошје и зеленчук, загадувањето на животната средина, HPV и хепатитис Б вирусите, ултравиолетовото и јонизирачко зрачење.

Според експертите, раното откривање на ракот на дојката е од клучно значење во борбата против болеста.
Октомври е месец посветен на борбата против ракот. Првото Антиканцер здружение „Животна искра“ како и секоја година е во соработка со експертите од оваа област и организира настани со цел градење на свеста за превенција, рана дијагностика и современ третман на пациентите со малигни заболувања.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top