Петнаесет години МИА

На 30 септември 1998 година, Македонската информативна агенција (МИА), започна со редовна продукција.

logo
лого

На 30 септември 1998 година, Македонската информативна агенција (МИА), започна со редовна продукција.

„Едно лице почина, 17 се повредени во земјотресот во Србија“ е насловот на првата вест што МИА ја емитуваше.

logoМИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година. Ангажира педесеттина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство.Агенцијата дневно продуцира од 300 до 350 вести на македонски, англиски и албански јазик, но освен вестите продуцира и специјални тематски потсервиси и дневни и неделни билтени, а продуцира Фото-сервис и Фоно-сервис што се достапни преку веб-страницата на Агенцијата.

МИА како новинска агенција е дел на информативните пулови на: РОМПРЕС (Романија), БТА (Бугарија), АТА (Албанија), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ФЕНА и СРНА (БиХ), СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), АНА-МПА (Грција), АНАДОЛИЈА (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија), УКРИНФОРМ (Украина)… Соработува и со големите новински агенции – француската ФРАНС ПРЕС, кинеската ХСИНХУА, иранската ИРНА, британскиот јавен сервис Би-Би-Си, германската ДПА, руската ИТАР-ТАСС, а сервисите на МИА ги користат и светските информативни сервиси ДОЈЧЕ ВЕЛЕ, СЛОБОДНА ЕВРОПА, ГЛАСОТ НА АМЕРИКА.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top