Делегација на НАТО во посета на Македонија

Во официјална посета на Република Македонија  денеска ќе престојува делегација на Воениот комитет на НАТО, предводена од адмирал Џампаоло Ди Паола.

NATO
НАТО

Во официјална посета на Република Македонија  денеска ќе престојува делегација на Воениот комитет на НАТО, предводена од адмирал Џампаоло Ди Паола.

Делегацијата ќе биде пречекана од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски.

За време на престојот, адмиралот Ди Паола ќе се сретне и со министерот за одбрана  Зоран Коњановски.

NATOНа средбата пред адмиралот Ди Паола ќе бидат презентирани динамичниот план за развој на одбраната, достигнатиот степен на реформи во АРМ, како и учеството во мисии надвор од Република Македонија и ангажирање за во иднина.

За време на посетата, претседавачот на Воениот комитет на НАТО адмирал Џампаоло Ди Паола предвидено е да се сретне со претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, со премиерот  Никола Груевски и со претставници на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top