Македонија на Сесија на министерски совет на ОБСЕ

Македонска делегација од денеска ќе учествува на дводневната 16-та по ред Сесија на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Хелсинки.

OSCE
ОБСЕ

Македонска делегација од денеска ќе учествува на дводневната 16-та по ред Сесија на министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржи во Хелсинки.

Делегацијата ја предводи министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој ќе има свое обраќање на пленарната сесија.

Според најавите, на маргините на министерскиот состанок за денеска е предвидено да се одржи состанок на земјите од Јадранската Повелба во проширен состав, меѓу кои САД, Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина на кој ќе присуствува и Србија во својство на земја набљудувач, како и земјите поддржувачи на иницијативата Адриатик – Балтик – Атлантик, Латвија, Литванија и Естонија.

Antonio MilosokiНа состанокот со кој ќе претседава Милошоски, ќе биде реафирмирана заложбата за целосно приклучување на земјите од Југоисточна Европа во Евро-атланските интеграции.

Милошоски во рамки на министерскиот состанок, предвидено е да оствари билатерални средби со помошникот на Државниот секретар на САД, Даниел Фрид, со своите колеги, министрите за надворешни работи на Шпанија, Чешка, Шведска, Туркменистан, како и со Генералниот секретар на ОБСЕ, Марк Перин де Бришамбо, Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Кнут Волебек.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top