Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија денеска, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”, ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември.
Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија денеска, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”, ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември.
Во рамки на прославата, Советот ќе му додели Златна плакета на премиерот Никола Груевски, за неговото лично ангажирање за помош, поддршка и дефинирање на социјалниот статус на лицата со инвалидност. На ДХО „Даре Џамбаз”, пак, ќе му биде врачена благодарница и статуа „Мајка Тереза”.
Со пригодна програма ќе настапат ученици од посебните училишта во Скопје „Димитар Влахов”, „Партенија Зографски” и „д-р Златан Сремац”.
Во Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија членуваат Сојузот на слепи, Сојузот на глуви и наглуви, Сојузот на телесно инвалидизираните лица, Републички центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, Сојузот на инвалиди од војната, Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите и Сојузот на инвалиди на трудот на Република Македонија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град