Штрајкот на СОНК, што започна минатиот понеделник, заврши и училиштата од денеска продолжуваат со редовна настава.
Штрајкот на СОНК, што започна минатиот понеделник, заврши и училиштата од денеска продолжуваат со редовна настава.
Ваква одлука доцна синоќа донесе Советот на СОНК на седницата, на која присуствуваа и министрите за образование и култура, Перо Стојановски и Елизабета Канчевска-Милевска и заменик-министерот за труд и социјала Спиро Ристевски.
Од СОНК информираат дека на седницата била потпишана Спогодбата и колективните договори за основно и средно образование.
Прифатени се и барањата за зголемување на надоместокот за храна и превоз кои ќе се важат од јуни 2009 година, односно ќе влезат во бруто платите.
На седницата било договорено и трансформацијата на работниот однос на лицата што се вработени на определено време да заврши најдоцна до март.
За надополнувањето на изгубените часови за време на штрајкот дополнително ќе се договорот СОНК и ресорното министерство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град