Вицепремиерот Боцевски во посета на Брисел

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Брисел пред пратеници во Европскиот парламент и други европретставници ќе ги презентира активностите што ги презема Република Македонија за интегрирање во Европската унија.

Ivica Bocevski
Ивица Боцевски

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Брисел пред пратеници во Европскиот парламент и други европретставници ќе ги презентира активностите што ги презема Република Македонија за интегрирање во Европската унија.

Боцевски ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент Ханс Герт Потеринг, со европарламентарците Дорис Пак, Ханес Свобода и Ерик Мејер, кој е известувач на Европараламентот за Македонија.

BriselМакедонскиот вицепремиер за европски прашања ќе има обраќање пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент при што ќе го претстави Акциониот план за реализација на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република
Македонија за 2008 година.
Боцевски ќе има работна средба со претставници на Комитетот на први секретари при постојаните претставништва на земјите-членки на ЕУ (COWEB).
Во македонската владина делегација што престојува во Брисел е и вицепремиерот Абдилаќим Адеми.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top