Цената на електричната енергија ќе се намaли за 5,2%

Цената на електричната енергија од 1 јули ќе се намали за 5,2 отсто, пишува весникот „Дневник“ повикувајќи се на сигурни извори.

logo
лого

Цената на електричната енергија од 1 јули ќе се намали за 5,2 отсто, пишува весникот „Дневник“ повикувајќи се на сигурни извори.

Според информациите на „Дневник“ ваков предлог бил даден на подготвителната седница на Регулаторната комисија за енергетика, а конечната одлука би требало да биде донесена утре.

logoНамалувањето на цената, според претпоставките, се должи на намалената потрошувачка на електрична енергија во текот на изминативе 12 месеци, како и на падот на цената на струјата на светските пазари.

Македонците во изминатиов период, според податоците од енергетските компании, потрошиле за 630 ГВ/ч струја помалку во однос на претходниот период. Увозoт на струја пак е намален за околу 500 ГВ/ч. Во моментов цената на струјата за мегават/час изнесува 90 евра со вклучени 33 отсто за инсталирана моќност што значи дека доколку РЕК донесе одлука за намалување новата цена би изнесувала околу 86 евра за мегават/часови.

{loadposition content9

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top