Ќе се менува ли законот за пушење?

Сопствениците самостојно да одлучуваат дали во нивните угостителски објекти ќе се пуши или не.

logo
лого

Либералната партија на Ивон Величковски со низа предлог измени на законот за пушење во затворени простории. Една од нив е и измена во делот на физичката поделба, односно половина од објектот да биде за пушачи, останатата половина за непушачи.Тој предлага и овозможување на пушењето во затворени простории доколку има вентилациски уреди.

pusac– За жал немаме намалување на бројот на лица со заболувања како последици од пушењето, второ очигледно е дека забраната влијаеше врз угостителските објекти, врз прометот, а знаеме дека угостителството е значаен дел од нашата економија. Оптимално решени во кое просторот ќе се дели 50-50, или доколку неможе тоа да се реализира, тогаш поголемиот дел од објектот да биде за непушачи, но да има можност пушачите да користат угостителски услуги во самите угостителски објекти, изјави Величковски.

Според Величковски сите политички субјекти во идниот период треба да се потрудат ова прашање да се уреди како што е потребно. Тој смета дека измените ќе поттикнат позитивни реакции кај граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top