„Златните“ вина на „Тиквеш“

Винарската визба „Тиквеш“ ја продолжува 2013-та година со уште две значајни награди на престижен меѓународен вински натпревар.

temjanika
темјаника

Винарската визба „Тиквеш“ ја продолжува 2013-та година со уште две значајни награди на престижен меѓународен вински натпревар.
 
logoВината „Темјаника Special Selection“ од бербата 2012-та и црвеното „Барово“ од бербата 2011-та се закитија со златни медали на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“ во Словачка.

– Наградите со кои во континуитет се закитуваат вината на „Тиквеш“ за нас не претставуваат цел сама за себе, туку се во функција на нашата долгорочна цел, а тоа е позиционирање на „Тиквеш“ како играч на светската винска мапа.  Наградите претставуваат значајна референца со која го градиме имиџот на „Тиквеш“, тие се значаен аргумент за квалитетот на нашите вина во сите извозни напори. Оттаму произлегува и вниманието кое го посветуваме на учеството на значајните меѓународни натпревари како „Concours Mondial de Bruxelles“, на кој со двата златни медала кои ги освоивме дополнително придонесовме за нашиот имиџ, но и за имиџот на Македонија како винска земја, изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top