Собранието на Р.М утре ќе гласа за кадровски промени во неколку министерства

Најзвучната ротација се случи во министерството за образование од каде повлекување од функцијата побара министерот Панче Кралев.

 |  Мишел Наумоски  | 
Vlada na R.M
Влада на Р.М

Нова реконструкција во владиниот кабинет. Ќе се менуваат министрите во неколку министерства, од кои секако најзвучната промена ќе се случи во министерството за образование. Досегашниот министер за образование, Панче Кралев, поради лични и семејни причини поднесол оставка до премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Kralev RistovskiКако што пренесуваат националните медиуми, Кралев оставката до премиерот ја поднесол  уште во месец Април, а функцијата министер за образование ја извршуваше од месец Јули 2009та година. Според информации од владата, Кралев во иднина ќе му биде советник за образование на премиерот Никола Груевски. На местото на Кралев,  за прв човек на образование ќе биде назначен досегашниот министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Заминувањето пак на министерот Ристовски во образование ќе значи слободно министерско место во труд и социјала.

За негов наследник, според 24 вести ќе биде именуван досегашниот прв човек на Скопски катастар, и поранешен директор на агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов.

Смена ќе има и на позицијата заменик-министер за локална самоуправа од каде заминува Сашо Лазаровски кој доби советничко место во општина Карпош, а за негов наследник ќе биде назначен Ѓорѓија Сајкоски додека за нов министер без ресор ќе биде предложен Џери Наумоф. Инаку за овие последни измени во владиниот кабинет, ќе се гласа на утрешната седница на Собранието на Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top