Од ова лето, туристите кои ќе престојуваат во Мала Преспа, ќе имаат можност по Преспанско Езеро да се шетаат со брод на соларна енергија.
Од ова лето, туристите кои ќе престојуваат во Мала Преспа, ќе имаат можност по Преспанско Езеро да се шетаат со брод на соларна енергија.
Туристичкиот брод на сончева енергија ќе биде ставен во функција до крајот на јули, најави градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.
– Станува збор за заеднички проект на општина Пустец и општина Преспа, Грција, поддржан од фондовите на ЕУ за меѓугранична соработка. Од Германија ќе пристигнат три бродови, два за грчката страна на Преспа и еден за нас. Сега сме во фаза на подготовка на документација и очекуваме на крајот од јули да пристигне бродот во нашата општина и веднаш ќе им биде ставен на услуга на туристите кои ќе доаѓаат во зоната на Преспа, да може да ги видат сите убавини на овој дел од Преспанското Езеро, вели Темелко.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град