Стартуваше екстерното тестирање

Во основните и средните училишта од денеска до 8 јуни стартуваше екстерното тестирање, чија цел е да провери колку наставниците се објективни во оценувањето на учениците.

ucenici
ученици

Во основните и средните училишта од денеска до 8 јуни стартуваше екстерното тестирање, чија цел е да провери колку наставниците се објективни во оценувањето на учениците.

И покрај протестите на дел од учениците, сепак околу 200.000 ученици во средните и основните училишта електронски ќе одговараат на тестови по два предмети. Тестот содржи 60 прашања, а учениците треба да одговорат на 30 прашања со четири понудени одговори.

uceniciОценките по двата предмети од екстерното тестирање ќе бидат впишани во сведителството и ќе влијаат на вкупниот успех на ученикот. Наставниците кај кои ќе има отстапувања меѓу оценката што ја дале и онаа од тестот ќе бидат советувани, а тие со големи отстапувања ќе добијат помала плата.
Екстерно тестирање нема да полагаат матурантите зашто ќе полагаат државна матура и учениците од прво, второ и трето одделение кои се оценуваат описно.

Според правилникот за спроведување на екстерното, наставниците кои предаваат од прво до трето одделение треба да имаат досие за ученикот со негови трудови (контролни тестови, писмени задачи, цртежи) за да ја докажат објективноста на оценката. Доказите како инструменти во екстерното оценување ќе важат и за вештините, физичко, ликовно, музичко и техничко образование од четврто до деветто одделение, и за практичните предмети за ученици во средното стручно образование.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top