Милошоски во Кишињев на Самит на ЦЕИ

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе учествува Состанокот на шефови на дипломатии и на Самитот на претседатели на влади на земјите-членки на Централно-европската иницијатива што се одржува во Кишињев, Молдавија.

CEI
ЦЕИ

Antonio MilososkiТема на министерскиот состанок, како што соопшти МНР, е улогата на ЦЕИ во јакнењето на регионалната соработка и интеграцијата во Европската унија. На Самитот на ЦЕИ ќе биде разгледана ситуацијата во регионот, а ќе биде усвоен и финален документ што се однесува на улогата на Централно-европската иницијатива. Со овие собири завршува претседавањето на Молдавија со ЦЕИ.

На маргините на состанокот, Милошоски ќе има билатерална средба со неговиот молдавски колега Андреј Стратан, како и со министрите за надворешни на Италија Франко Фратини, на Босна и Херцеговина Свен Алкалај, на Унгарија Кинга Генц, на Романија Лазар Команеску, на Хрватска Гордан Јандроковиќ и со заменик-министерката за надворешни работи на Чешката Република Хелена Бамбасова.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top