Храбрите момци ја покажаа својата подготвеност за интервенции.
Пожарникарите од Охрид и Струга, денес го одбележуваат 20 ти мај, денот на пожарникарите во Република Македонија. Традиционално, како и секоја година, двете територијални противпожарни единици со низа активности по повод овој ден. Охридската единица, денот го одбележа најпрво со дефиле на возниот парк низ охридските улици, по што беше презентирана и противпожарната опрема со која располагаат. Денот на пожарникарите тие го заокружија со веќе традиционалната крводарителска акција. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски, вели дека поводот за прослава е убав, но дека сеуште имаат предизвици со кои се соочуваат.
„Територијалната противпожарна единица Охрид е технички добро опремена, кадровски екипирана, но просторно ние сме доста стеснети за извршување на сите оперативно-тактички дејности за стручно оспособување и усовршување на работниците. Многу пати досега е прашувано дали ќе се дислоцира противпожарниот дом. Сето тоа може да се разгледа во иднина и навистина Охрид има потреба од изградба на самостоен противпожарен дом кој ќе биде во сопственост на пожарникарите, на противпожарната единица од Охрид, со свои пропратни елементи, согласно Законот и правилникот што треба да содржи еден противпожарен дом. Полигон за спортски активности, базени за црпење вода, за работа со пумпи, противпожарни возила.“-рече командирот на Охридската територијална противпожарна единица, Спасе Прентоски.
Слично како нивните охридски колеги, и струшките пожарникари го одбележаа 20ти Мај. Тие изведоа показна вежба, спасување на лица и имот од височини, како и дефиле на противпожарните возила низ неколку струшки улици. Пожарникарите ја покажаа својата подготвеност за интервенции, но добар дел од проблемите со кои се соочуваат, за жал сеуште присутни.
„Во последно време противпожарната единица Струга кадровски е екипирана, но со возниот парк сеуште имаме проблеми бидејќи се соочуваме со застарен возен парк кој треба да се обнови. Оваа година очекуваме, и сме во тек на разговори со еден германски град од кој очекуваме донација.“-вели Урим Каба, командир на струшката противпожарна единица.
Инаку 20ти Мај, Денот на пожарникарите во Република Македонија, се прославува во чест на формирањето на првото доброволно противпожарно друштво во Битола уште далечната 1836та година. Охридските пожарникари пак денес воедно слават и 80 години од формирањето на првото доброволно противпожарно друштво во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град