Иако бројот на македонски баратели на азил во Германија е намален, суспендирањето на слободниот визен режим е актуелно, особено по писмото до Даблин на министрите на Германија, Австрија, Холандија и Велика Британија, информира Дојче Веле.
Иако бројот на македонски баратели на азил во Германија е намален, суспендирањето на слободниот визен режим е актуелно, особено по писмото до Даблин на министрите на Германија, Австрија, Холандија и Велика Британија, информира Дојче Веле.
Укинувањето на слободното движење во Европа поради стотината сиромашни луѓе од Македонија кои бараат подобар живот во Германија го сметам за – авантуристички. Алармот на министерот Фридрих го гледам само како тема која е во контекст на престојните избори. Но, до толку повеќе е загрижувачки ако се знае дека германското МВР заедно со министерствата на Австрија, Холандија и Велика Британија со писмо испратено до претседателството на Европскиот совет бараат нова дискусија за еднострана суспензија на слободниот визен режим за Македонија и Балканот -изјави за ДВ Мемет Килич, пратеник од Сојузот 90-Зелени во германскиот Бундестаг.
Писмото кое е потпишано од министерот Фридрих и неговите ресорни колеги од Австрија, Холандија и Велика Британија, до Даблин било испратено на 25 април, само шест дена по неформаната дискусија за истата тема во Бундестагот. Килич и тогаш од говорницата, а и сега за ДВ подвлече дека не е во европскиот дух националните држави еднострано, само со своја одлука да можат да го суспендираат слободниот визен режим. Конечно, слободното движење не е национална работа, туку придобивка на европскиот Шенген простор. Од Ирска, потписниците на писмото конкретно бараат прашањето околу можното суспендирање на слободниот визен режим да биде ставено на дневен ред на состанокот на комитетот за правда и внатрешни работи закажан за средината на јуни, потсетува Дојче Веле.
Инаку од последните податоци за бројот на баратели на азил од Македонија, кои за ДВ ги достави германското сојузно МВР, се гледа дека состојбата е релаксирана. Бранот е намален од ноември 2012 , заклучно до април годинава. Кулминацијата инаку била во есенските месеци (август, септември и октомври). Најалармантен бил октомври 2012 година, кога азил во Германија побарале 1.881 лице, што е повеќе од вкупниот број поднессоци во 2011 година (1.753). Според најновата статистика од почетокот на 2013 заклучно со април, азил во Германија побарале 717 македонски државјани, со што земјата се наоѓа на десетто место, последна во групата која ја предводи Руската Федерација. На второ место се барателите азил од Сирија, по што следуваат: Авганистан, Србија, Иран, Ирак, Пакистан, Сомалија и Грузија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град