Икони стари по 500 години кои се украдени од храмот св. Георгиј во Лазарополе.
Крадците, незабележани од никого, успеале да го однесат цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба. Свештените лица од Манастирот св. Јован Бигорски на официјалната веб страна први објавија за оставениот пустош во храмот:
„Влезната врата е буквално распарчена, иконите се искорнати од ѕидовите и оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека едно непроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратно заминато. За жал органите за безбедност се покажаа немоќни да влезат во трага на оваа организирана група, или да направат било што да ја запрат оваа серија на кражби која нè лишува од најсветото и највредното“.
Храмот во Лазарополе е неодамна реставриран и така му бил вратен стариот сјај. Свештените лица во официјалното соопшетение посочуваат дека подолго време трае серијата на кражби по древните храмови. Иако Алфа се обиде да стапи во контакт со манастирот св. Јован Бигорски под чии надлежности и е и црквата во Лазарополе не успеавме да добиеме одговор- дали храмот го обезбедувал некој и дали е осигуран имотот затоа што штетата е непроценлива. Од полицијата соопштија дека крадците однеле 30 икони и две резбани врати и дека се бараат сторителите.
Последениве неколку години статистикта на МВР бележи пораст на грабежи во верските објекти, а пралелно опаѓа трендот на фаќање на крадците.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град