Наскоро стартуваат елeктронските рецепти

Од 15 мај почнува воведувањето на електронски рецепт во здравствениот систем, прво како пилот-проект, а од почетокот на јуни ќе се спроведува на цела територија на Македонија.

lekarski recept
лекарски рецепт

 

Овој период од 15 мај ќе се искористи за целосно довнесување на сите податоци и тестирање на околината и ќе трае 15 дена.Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека со електронскиот рецепт се постигнува брзо, ефикасно и безбедно издавање на лекови, поедноставување на постапката за креирање и реализација на рецепти, генерирање на извештајот со добиени податоци со цел да се креираат натамошни набавки и да се следи потрошувачката на лекови по различни основи-пол, возраст и регион.
Тој посочи дека сите законски регулативи поврзани со издавањето на лековите ќе се применуваат и натаму.

lekarski recept– Идејата е кога матичниот лекар го препишува рецептот тоа да се одвива на едноставен електронски формулар до кој пристап има само тој и става електронски потпис на рецептот. Кога пациентот ќе отиде во аптека да го подигне лекот само ја дава електронската здравствена картичка или го кажува својот матичен број или единствениот здравствен број на осигуреникот и таму се гледа кој лек му е препишан на пациентот и му се издава, истакна Тодоров.

На овој начин точно ќе се знае кој пациент кои лекови ги користел во кој временски период и се добива точна евиденција за тоа што се случува во здравствениот систем и може да се следи работат на матичните лекари-кои лекови се издаваат кое е нивното дозирање итн.
Во моментов сите аптеки ги внесуваат сите податоци за залихата на лековите која ја имаат, а истото се случува и со веледрогериите кои ги увезуваат лековите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top