Македонската армија продолжува со учеството на АЛТЕА.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 59. седница на која на дневен ред е Предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА.
Во насока на продлабочување на соработката и придонесот на земјата кон мировната операција предводена од Европската унија, Република Македонија го продолжува учеството во ЕУФОР, АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Ќе биде испратен уште еден медицински тим во состав од десет припадници на Армијата и еден офицер-правен советник за работа во Командата на ЕУФОР.
Припадниците на АРМ се испраќаат за период од шест месеци од мај 2013, кога е првата годишна ротација, и од ноември 2013, кога е втората годишна ротација и правен советник кој се испраќа од јуни односно декември оваа година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град