По 100 отсто обработени податоци од гласачките места според официјални податоци на Државната изборна комисија слободно може да се заклучи дека владејачката ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија“ во вториот круг ја запечатија победата на петтите локални избори освојувајќи дополнителни 16 општини и Градот Скопје.

Заедно со освоените општини во првиот круг (40 општини) партијата на премиерот Никола Груевски денеска може да се пофали дека освои рекорден број градоначалнички места – 56.
За разлика од големата победа на ВМРО ДПМНЕ, опозицискиот Социјал демократски сојуз и коалицијата “Сојуз на иднината“ триумфираше во само четири општини: Струмица, Куманово, Ранковце и скопски Центар.
Во албанскиот блок како победник на изборите излегува ДУИ кои освојија седум градоначалнички места, додека ДПА има победа во две општини – Струга и Студеничани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град