Koj ќе биде македонскиот супербренд?

Од денеска официјално започнува гласањето за избор на супербрендс во Македонија за 2013/2014 година.

logo
лого

Од денеска официјално започнува гласањето за избор на супербрендс во Македонија за 2013/2014 година.

Како и во претходните години за супербренд ќе бидат прогласени брендовите кои ќе освојат најмногу гласови од страна на стручно жири и самите потрошувачи.

Како што најавуваат од Супербренд Македонија, оваа година воведени се две новини, за прв пат ќе се гласа за општествено одговорна компанија, така наречен зелен супербренд за компаниите кои најмногу се грижеле за животната средина, а се воведува и признанието Супербренд Адриатик, што оваа меѓународна компанија ќе го додели на брендовите кои ќе бидат изгласани во Македонија но и во некоја од земјите од Јадранскиот регион.

logoМинатата година со престижното признание “Супербрендс” се закитија 43 македонски брендови. Ова признание го добија Аџибадем Систина,Авалон продукција, Бадел 1862, Баскер фест, Браво, Витанез, Випро , Гора , Горска , Дизајн фантазија , Дуна компјутери , DHL , Евн Македонија, Европа , Еуро-фарм, Жи-Ва , Жито Лукс, Здравје Радово , РЗ Инфомедиа – Златна книга, Идивиди, Капитал, Каролина ,Круна МС, Леов компани , Mc Donald’s , Нептун, Playboy Македонија, Фармацевтска компанија Pliva, Порше Македонија , Прототип, Семос Едукација, Securicom, Винарска визба Сковин , Скопски саем , Стопанска банка, Swisslion, Теа модерна, Телекабел , Тобако, Томато Продукција , Универзитет Американ колеџ , Цевитана, City radio.

Првите активности на Супербрендс, инаку, започуваат во Лондон 1994 година со радиска емисија на Би-Би-Си Лондон, која имала за цел да им овозможи на потрошувачите увид во марките кои се достапни во нивниот секојдневен живот.

Денес Супербрендс е присутен во 92 земји и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top