Главната прослава на победата на христијанството ќе се одбележува кон крајот на септември годинава во црквата „Света Софија“ во Охрид, со свечена академија и литургија.
Главната прослава на победата на христијанството ќе се одбележува кон крајот на септември годинава во црквата „Света Софија“ во Охрид, со свечена академија и литургија.
Ова е конечната одлука за тоа како Македонската православна црква-ОА, во своја режија, ќе ја прослави 1.700-годишнината од Миланскиот едикт, зашто не е поканета на официјалната манифестација во Ниш, Србија. Решението го донеле владиците од Синодот на МПЦ, кои пред да одлучат изминатите месеци разгледале неколку предлози.
– Ќе ја одбележиме годишнината од Миланскиот едикт со скромна прослава. МПЦ е христијанска црква и секогаш ги почитувала таквите историски настани. Кои се причините што не сме поканети на церемонијата во Ниш треба да се праша тамошниот организатор – вели г. Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ.
Србија оваа година ја прогласи за година на Константин Велики, и за таа цел постојано ќе организира манифестации поврзани со христијанството. Единствено е најавена поканата за претставниците на Католичката црква од Македонија.
За време на литургијата што ќе се одржи на 21 септември 2013 година во Ниш, која ја организира Католичката црква, ќе има претставник од Македонија на религиско ниво. Се очекува тогаш да присуствуваат над 100.000 католици, меѓу кои ќе биде и скопскиот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов.
Другите прослави во организација на Српската црква нема да бидат отворени за македонски црковни лица.
Сепак, Католичката црква во Македонија, како што објави „Нова Македонија“ пред неколку месеци, вети дека ќе направи напори претставниците од МПЦ да присуствуваат на официјалната прослава во Ниш, која се одржува таму поради раѓањето на цар Константин на тие простори. Централната прослава ќе се одржи од 3 до 7 јуни годинава, за кога се предвидени и многу црковни и симпозиумски настани. Од Нишката епархија на СПЦ велат дека немаат информации за тоа дали некој ќе биде поканет како претставник на македонската држава, но категорични се дека нема да има претставник од МПЦ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град