Штефан Филе доаѓа во Скопје

Посетата е потврдена од страна на Европската комисија.

Stefan Fule
Штефан Фуле

Еврокомесарот Штефан Филе не издржа- доаѓа утре во Скопје заедно со известувачот во ЕП, Ричард Ховит и Јижи Бусек. Целта е да направи клучен притисок околу политичката криза во земјата, за да како што најавија од Брисел, Македонија да добие позитивен извештај во април. Иако се очекуваше посетата на известувачот Ричард Ховит да се случи денеска, тој до пладнето се` уште беше во Брисел и учествуваше на состанок на НАТО за Авганистан.

Stefan FuleЗа утре пак беше најавено и враќање на вицепремиерот Фатмир Бесими во Брисел, за да се сретне со Стефано Санино, па ваквите збунувачки најави покажуваат само колку е комплексна политичката ситуација во земјата и колку сериозно ја сфаќаат во Брисел. Дека Филе доаѓа навистина во Скопје потврди неговиот портпарол Питер Стано на денешната прес-конференција во Брисел.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top